Социјалната мрежа Facebook оваа година ја достигна својата цел во примената на енергија од обновливи извори за цела година порано од планот, а сега се обврзува дека до 2020 година ќе користи исклучиво енергија од обновливи извори. Facebook започна со купување на „зелена“ електрична енергија уште во 2013 година, кога купи над 3GW од солар и ветер за своите дата центри во Европа и САД. Facebook се обврзува да ги намали емисиите на стакленички гасови за 75% до 2020 година, без притоа да објави која е стартната позиција. Bloomberg New Energy Finance објавува дека Facebook е најголемата корпорација која во првите седум месеци од оваа година купувала зелена енергија. Кога станува збор за други големи корпорации кои се посветени на користењето на „зелена“ енергија, Microsoft се обидува да достигне 60% на почетокот на следната декада, а Apple инвестирал 1,7 милијарди УСД во изградба на на два големи дата центри во Еврпа, поточно во Ирска и Данска, кои во целост ќе користат „зелена“ енергија.