Tao Zhu Yin Yuan, позната и како Agora Garden Tower, претставува една од најинтересните и визуелно највпечатливите градби на Тајван. Оваа единствена резиденцијална кула, проектирана од страна на студиото Vincent Callebaut Architectures (VCA), се одликува со структура која постсетува на двојната спирала на ДНК, со што веднаш привлекува внимание. Оваа необична зграда висока 93,2 метри, се состои од 21 кат, од кои 20 се завртени за по 4,5 степени по кат, создавајќи вкупен агол на свртување од 90 степени од основата до врвот на зградата.
Според VCA ваквиот концепт нема само естетски мотив, туку и практична функција – му овозможува на секој стан да биде максимално изложен на дневна светлина. Зградата е проектирана да биде отпорна на земјотреси и поплави, што е од клучно значење за Тајван. Конструкцијата е зајакната со челична рамка со 68 столбови кои достигнуваат длабочина од 50 метри. Еден од најважните аспекти на кулата Tao Zhu Yin Yuan е нејзината еколошка одржливост. Проектот има над 23.000 растенија, распоредени на терасите, градините и сл. Оваа вегетација годишно ќе апсорбира до 130 тони јаглерод диоксид. Вграден е и систем за собирање на дождовницата, како и фотонапонски панели и шест ветерни турбини. Иако објектот е изграден во 2021 година, дури неодамна добил LEED Platinum сертификат.