Насловна / Екологија / Дизел гориво од пластика во лабораторијата на ТМФ во Скопје

Дизел гориво од пластика во лабораторијата на ТМФ во Скопје

PCL-Lab-69
Дизел гориво од пластика е произведено на Институтот за хемиско и контролно инженерство на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, со примена на опрема донирана од ОКТА. Ова е еден од повеќето проекти изведени од лабораторијата на факултетот и вклучува експериментално производство на дизел горива од рециклирана пластика. Лабораторијата на факултетот веќе користи специјализирана опрема донирана од ОКТА, која неодамна беше значително подобрена со последната донација од компанијата.

Овој експеримент ќе овозможи податоци за перспективната употреба на пластичен отпад во производството на гориво. Доколку е успешен, понатаму ќе може да биде развиен во проект со видливи резултати. Континуираната соработка меѓу ОКТА и Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје веќе има донесено значителни резултати и се очекува да продолжи во иднина.

Испрати коментар

Scroll To Top