Насловна / Арт и дизајн / „Дизајнот не се предава“, манифест на италјанските брендови за мебел

„Дизајнот не се предава“, манифест на италјанските брендови за мебел

Не постои место на планетата, ниту стопански сектор кои не се погодени од пандемијата на коронавирус. Ефектите не ги избегна ниту индустријата на мебел, а првите апели се слушнаа, очекувано од Италија.

Група од познати италијански брендови на мебел се собрала заедно и издала манифест насловен „Дизајнот не се предава“. Оваа група ја сочинуваат брендови на луксузен мебел: B&B Italia, Cappellini, Cassina, Flexform, Giorgetti, Molteni Group и Poltrona Frau, a им се придружиле и производителите на керамика Bisazza и Boffi. Ова е првпат италијанската индустрија за мебел да се собере на овој начин, барајќи акција со унифициран глас.

diz1

Во манифестот го објаснуваат стратешкото значење на овој сектор за италијанската економија. Тие кон среднината на април апелирале да се дозволи отварање на производството, како и на тоа изнајмувањњето на деловни простори да се намали за половина.

Италијанските брендови предупредуваат на економска катастрофа доколку брзо не се отворат фабриките.

b&b

B&B Italia

Загрозени се повеќе од 100.000 работни места

За 20.000 активни компании и нивните 130.000 вработени во областа мебел, овој манифест не донесе резултати. Производството и продажните простори затворени уште од 9. март, сигурно е дека нема да бидат отворени пред 4. мај. Во манифестот е нагласено дека пролонгирањето на запреното производство, веројатно ќе бара неколку децении за опоравување и дека голем број фирми и работни места ќе мора да бидат затворени.

grigoreti

Giorgetti

Загрозена конкурентноста на италијанските брендови

„Сè уште можеме да го надоместиме ова одложување“, се вели во манифестот, – со повторно отворање и напорно работење во наредните неколку месеци. Нашите клиенти не избираат поради убавината и квалитетот на нашите производи, тие ќе имаат разбирање и ќе чекаат “. Но датумот кој го предлагале за отварање, 20. април веќе е поминат. За тоа време главните конкуренти во Геманија и скандинавските земји не го сопрелел производството. Со тоа сигурно ќе дојде до прмена на статусот на пазарот, на најнеповолен начин за италијанските брендови. Досегашниот обрт од 23 милијарди евра и извозот на овој сектор кој преминувал 60 отсто ќе бидат сериозно намалени. Овие бројки растат експоненцијално кога ќе се земе во предвид дека овие фабрики соработуваат со огромна мрежа на локални добавувачи, вработувајќи над 315.000 луѓе регионално, со проценет обрт од 43 милијарди.

poltom

Poltrona Frau

„Некои наши компании се стари со векови. Во овој долг временски период, светот значително се трансформираше: нови производи, нови пазари, нови потрошувачи. Оваа импресивна еволуција беше можна само благодарение на извонредните луѓе кои не почестија и нè поддржуваа со нивната драгоцена секојдневна работа “, се заклучува во манифестот со надежна нота. „И за нашите занаетчии, работници, вработени во канцеларии и менаџери вложуваме огромен напор за да можеме повторно да се отвориме и да започнеме повторно, посилно од порано, во сознанието дека само обединети можеме да продолжиме да напредуваме во наредното време“.

Манифестот „Дизајнот не се предава“ може да се види тука.

capelini

Cappellini

Испрати коментар

Scroll To Top