Луксузниот италијански бренд Bulgari на дизајн неделата во Милано ги изложи своите најнови модели накит на футуристичка инсталација дизајнирана од познатата архитектка Заха Хадид. Инсталацијата го носи името Serpenti и таа е обликувана во форма на полигонални елементи. Дизајнот на дваесет метри долгиот павилјон се базира на темата за порозност и постојана промена преку испреплетувањето на геометриските форми.