Девет нови павилјони во ресортот „Freycinet Lodge” нудат единствено сместување, опкружено со зеленило во еден од најстарите национални паркови на Тасманија.
Реновираните куќички ги проектирало студиото Liminal Architecture, a инспирацијата за нивниот несекојдневен изглед потекнала од непосредното природно опкружување.
Нивната форма ги отсликува мазните, заоблени линии на заливот Great Oyster Bay на источниот брег на островот, кде е сместен ресортот.
Куќите се изградени на начин кој максимално ги користи предностите на импозантната локација и нуди освежувачко искуство во ресортот кој се состои од преку 60 павилјони. Дизајнот на павилјоните ја велича прекрасната природа на Тасманија: од една страна дрвената фасада претставува дискретна и неупадлива позадина на која се истакнува бујната вегетација, додека другата страна на куќата во потполност е втурната во природата.
Особено внимание е посветено на изборот на локацијата за новите куќички за да се овозможи интимно и релаксирано опкружување. Патот до павилјонот не открива многу: патеката се движи покрај темни ѕидови без прозори до заклонета влезна врата. Но токму тој изглед игра важна улога во создавањето чувство на заштитеност и изолираност од други посетители.
Црната боја на фасдата е добиена со традиционална јапонска техника Shou Sugi Ban која подразбира третирање на површинскиот слој на дрвото со палење, а потоа нанесување уље на исчистената површина.
Благодарение на оваа техника се продолжува векот на траење на објектот, бидејќи дрвото е подобро заштитено од временските прилики и инсекти.
Како контраст на невпечатливиот влезен дел на павилјонот, внатрешноста е светла, топла и повикува на уживање. Ѕидовите, подовите и плафоните се обложени со панели од тасманиски даб и акција. Од под до плафон се протегаат закривени прозори кои ја внесуваат природата во ентериерот.