Насловна / Архитектура / Дизајнирана „фетусна“ комерцијална вселенска станица

Дизајнирана „фетусна“ комерцијална вселенска станица

Познатиот француски дизајнер Filip Stark го има дизајнирано ентериерот на првата светска комерцијална вселенска станица која со првите патници ќе тргне во 2020 година. Приватната компанија која се занимава со истражување на вселената, Axion Space, го има ангажирано познатиот француски дизајнер да направи проект со кој во вселенската станица ќе обезбеди простор за патници кои ќе учествуваат во експедицијата до Меѓународната вселенска станица. Инспириран од лебдењето на астронаутите во нулта гравитација, Filip Stark како решение го има претставено ентериерот кој потсетува на фетусна положба поистоветувајќи ја положбата на астронаутите со онаа која бебињата ја имаат во матката.

Enterijer-komercijane-svemirske-stanice-01-e1529050553629_resize

“Мојата идеја беше да се креира пријатен простор кој наликува на јајце со меки ѕидови и дизајн кој хармонично го следи движењето на човечкото тело во простор без гравитација“, нгласува Filip Stark. Stark верува дека патникот треба да може јасно и физички да ја чувствува својата пловечка акција во универзумот. Нејзиниот луксузен дизајн е дополнет со големи прозорци со заоблени агли кои обезбедуваат фантастичен поглед на Земјата, како и стотици нано LED диоди кои ги менуваат боите во зависност од денот и оддалеченоста на нашата планета.

Enterijer-komercijane-svemirske-stanice-naslovna-e1529050499780_resize

Прогнозите се дека космичката станица „Аксиом“ на крајот ќе ја замени Меѓународната вселенска станица, која треба да се повлече во 2024 година.

Enterijer-komercijane-svemirske-stanice-03-e1529050639915_resize

Испрати коментар

Scroll To Top