Foster + Partners, архитектонското студио од Британија, го претстави дизајнот на терминалот на вертипорт во Дубаи, предвиден за авио-такси услуги. Ова е дел од предлогот за идната инфраструктурна мрежа за вертикално полетување и слетување (eVTOL) на електрични возила, кои со голема брзина би ги превезувале луѓето до популарни локации во Дубаи. Вертипортот би можел да се најде покрај Меѓународниот аеродром во Дубаи, каде би бил интегриран со постоечките транспортни системи на аеродромот, како и со метрото. Ова е една од четирите локации кои се предложени од страна на компанијата за напредна воздухопловна мобилност (AAM) Skyports Infrastructure и Управата за патишта и транспорт на Дубаи. Нивната нaмера е создавање на мрежа на вертипортови за авио-такси услуги до 2026 година.
David Summerfield, шеф на студиото Foster + Partners, го истакнува своето воодушевување од фактот дека ова студио го осмислило концептот на ветрипортови за новата AAM индустрија. Тој верува дека начинот на патување на луѓето ќе биде сосема поинаков. На објавените рендери се гледа вертипортот на издигната платформа која го олеснува полетувањето и слетувањето. Зградата на терминалот има стаклени ѕидови, па се пружа поглед на аеродромот и на градот. Таа се наоѓа околу вертипортот и го поврзува со салоните за пристигнување и заминување. Надворешноста на зградата е ускладена со блиската станица на метрото, а околу терминалот е предвидена бујна вегетација.
Закривениот покрив овозможува засенчување, со што се штити внатрешноста од високи температури. Ентериерот е декориран со природни материјали и остава впечаток на удобност и спокој. Инаку, во 2020 година, германската компанија за воздушно такси Lilium, објави насоки за дизајн на модуларни вертипорти, кои би можеле да се постават на покривите на деловните комплекси и трговски центри, како и на паркинзи. Архитектонското студио MVRDV, исто така има дизајнирано вертипорти во соработка со производителот на авиони Airbus.