Дизајнерот James Ramsey од Raad Studio го дизајнираше првиот подземен парк во светот со локација во Њујорк. Тој го искористи напуштениот подземен терминал за тролејбус во источниот дел на Менхетен за да го трансформира во зелена површина со дрвја, растенија, простор за седење и различни уметнички дела. Паркот зафаќа вкупна површина од 4.000 метри квадратни и треба да претставува една од главните атракции во големиот град. Главниот дизајнер започна кампања наречена Kickstarter, со цел да се соберат материјални средства за да се заврши проектот, која завршува на 8 јули, а се очекува да се соберат 200.000 долари за негова реализација.