Дизајнерот Seungji Mun e креатор на т.н. економски стол. Ова е вториот модел по ред од неговата колекција Four brothers collection. Столот е изработен од иверица 4 x 8 см. Едноставниот модел за седење е изработен со евтин материјал кој е лесно достапен и притоа отпадокот на материјал е сведен на минимум. Со овој проект Mun се надева дека ќе ги поттикне идните производители на мебел да го сведат на минимум индустрискиот отпад.