Како би изгледал Дедо Мраз во модерна „фешн“ верзија и облечен во парчиња од познати модни куќа? Божиќ се приближува, а со тоа и повеќе вообичаена глетка на Дедо Мраз. И додека ние сме навикнати да го гледаме во неговото легендарно црвено одело, дизајнерите од лондонското студио Joint отидоа еден чекор понатаму и направиле тотален ‘make over’ на познатиот дедо. Според нивната идеја, Дедо Мраз ги следи трендовите и носи парчиња од познати модни куќи како што се „Кензо“, „Сен Лоран“ и „Живанши“, меѓу другите.