Повеќето дизајнерите на ентериери ќе се согласат дека не треба да се грижите премногу за трендовите. Кога го уредувате вашиот дом, всушност, најважно е да се следат личните чувства и афинитети. Со слично размислување се воделе и дизајнерите од Хонг Конг, брачна двојка која работи заедно во рамките на студиото Lim+Lu.
Тие се прославиле со колекцијата на мебел насловена Mass, која најпрвин ја работеле за својот дом, а подоцна почнале да ја произведуваат и во комерцијална смисла. Оваа линија се состои од софи, кревети на развлекување и нивни верзии на каучи кои се користат за дневните варијации на одмор.
Сите парчиња се направени во пастелни нијанси на сина, розова и зелена боја, а збогатена и со децентно златно подножје.
Мебелот може да се купи и со соодветни перници од други пастелни бои.
Естетиката на ова студио стои како противтежа на популарнoтo индустриско уредување и потемни тонови, а дизајнерите потенцираат како нивниот мебел дополнително влијае на светлината во просторијата.