Ако мислите дека кинеската угостителска понуда вклучува само формални хотели за деловни луѓе или пак хотели кои многу се потпираат на богатата традиција на земјата, тогаш ќе треба да размислете уште еднаш.
Бидејќи денес туристите се повеќе се пробирливи во смисла на сместување и целокупно искуство, така и во Кина, почнале да водат сметка за нудење на нешто поинакви хотелски услуги.
Хотелот VUE нуди такво искуство. Се наоѓа во тивка населба, а вниманието го привлекува веднаш со извонредниот изглед на екстериерот, кој делува едноставно, се додека не се види розовата жичана структура која прикажува два зајаци како се ги сакаат.
Внатре гостите ги пречекува цела низа на слични сцени, а просториите се уредени концептуално различни. Додека просторот за јадење и вечера е комбинација на класичен и современ стил, бањите изгледаат помалку футуристички. Слично на тоа, некои од собите изобилуваат со светли бои, додека во други простории истите бои се наоѓаат само во детали.