Насловна / Арт и дизајн / Дизајнерски елки блеснаа во Скопје Сити Мол

Дизајнерски елки блеснаа во Скопје Сити Мол

Петнаесет креатори, стилисти и модни новинари  ги претставија своите уникатни новогодишни елки, вчера попладне во „Скопје Сити Мол“ во организација на Моден викенд Скопје и трговскиот центар.
izlozba-na-dizajnerski-elki-vo-skopje-siti-mol-01

По теркот на светските метрополи, учесниците своите елките ги декорираа пред посетителите, споделија идеи и трендовски декорации за оваа година.

Најмладите, покрај советите како сами да направат поинаква елка, имаа можност и да учествуваат во креирањето на елките заедно со македонските дизајнери.

Изложбата „Дизајнерска магија на новогодишни елки“  е составена од новогодишните елки на Ирина Тошева, тимот на Stylefiles.mk, EVEE на Ивана Цветковска, Стефанија Насеска, Милена Танаскоска – моден новинар во списанието Unique, Олгица Ѓоргиева, Јована Филиповиќ, Елена Лука, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, тимот на Stylist.mk, Mikka design на Катерина Микрут, Le brand и тимот на Моден викенд Скопје.

„Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе биде изложена на приземјето во „Скопје Сити Мол“ во текот на целиот месец декември.

Испрати коментар

Scroll To Top