Дизајнерот Saif Faisal побарал убавина во математичките пропорции и флуидните форми на бетонот и на тој начин креирал колекција аксеоари.
Колекцијата содржи Extrude организатори за работна маса и Fibonacci послужавници.
Меурчиња воздух намерно се додадени во тек на мешањето на агрегатот за да се акцентира карактерот на материјалот. Апликацијата на бетонот специјално е развиена за висока сила и густина, за да креира мошне тенки, а истовремено силни структури.