Децата од Детската болница во Лондон ги развесели новиот проект во кој учествуваа голем број уметници и дизајнери.
Британскиот институт за јавно здравје пред три години го отвори конкурсот за разубавување на ѕидовите на детска болница. Задачата била едноставна: да се обезбеди пријатен престој на младите пациенти и пријатна работна средина за вработените. Меѓу избраните имиња се наоѓаат и неколку јавно познати како Дона Вилсон, Милер Гудман, Крис Хoтан и други.
Со помош на децата и персоналот на болницата, ѕидовите се оживеани со убави и богати бои и цртежи на различни теми. Детската болница годишно прима повеќе од 40.000 пациенти, а британската јавност со воодушевување го поздрави овој вреден проект кој ги олеснува болничките денови на децата за време на нивното лекување.