Orotund е нова таванска и ѕидна светилка која ја креирал Marc Newson за италијанската компанија Flos.
Оваа италијанска компанија дизајнирањето на новата светилка му го довериле на дизајнерот кој го осмислил сега веќе легендарниот Apple Watch. Резултат на таа соработка е Orotund – светилка која свети како ореол.
– Светилката е со кружен облик и со централно јадро. Со овој облик експериментирам, повеќе од 20 години. Мислам дека е многу интересен, бидејќи во него има нешто посебно – вели дизајнерот Marc Newson.
Orotund е амбиентална светилка од стакло со топла LED сијалица од 2700K. Се произведува во три бои: зелена, бела и сива боја а ќе се употребува најмногу во модерните ентериери.
Интересна инсталација се добива кога ќе се ставаат повеќе Orotund светилки една до друга. Единствениот проблем е тоа што секоја чини 475 евра.