Архитектонското студио PPAA беше задолжено за изведба на привремен павилјон на крајбрежјето на плажата Пунта Мита, рибарски и туристички град сместен на мал полуостров во заливот Бандерас, кој се наоѓа на брегот на Тихиот Океан во Мексико.
Павилјонот создава перцепција на престој во една од луксузните куќи во околината, што ги повикува посетителите да истражат нејзината внатрешност. Бондручната конструкција се издига вертикално сред песочната плажа, при што се интегрира со околниот пејзаж.
UAVI е проектиран од архитектонското студио PPAA и се одликува со својата модулација совршено прилагодена на локацијата, произведена со помош на дрвени панели кои генерираат неверојатна игра на светлина и сенка што ги опкружува оние што ја истражуваат.
На покривот на павилјонот е воспоставена проодна патека околу централниот двор, кој е и суштинскиот елемент на проектот бидејќи ги занемарува границите помеѓу природата и изградената структура. Искуството внатре и надвор од павилјонот е под влијание на атмосферите кои ги овозможува хармоничната симбиоза од ветар и песок, создавајќи пред се уникатно искуство.