Кога станува збор за проектирање на удобни станови, тогаш може да се предложат безброј иновативни решенија кои одлично би одговарале на таквите простори, но кога станува збор за проектирање на екстремно мали простории, тогаш иновативноста на дизајнерите доаѓа до вистински израз.
Овој апартман е дело на дизајнерот Адриан Ианку. Главниот мотив по кој се води овој дизајн е користењето на природни материјали, па така во најголема мера се употребува дрвото.
Овој апартман е поделен на две нивоа, со оглед на тоа што се развива на екстремно мала површина.
На првото ниво се јавуваат дневниот престој, кујната и бањата, додека на горното ниво се наоѓа просторот за одмор.
До горното ниво водат тесни дрвени скали кои се прилепени до ѕидот.