Насловна / Вести / Дизајн на мала градина

Дизајн на мала градина

Во услови кога сме ограничени со просторот на градината во поглед на димензиите, потребна е голема креативност за да се изгради совршена градина. Единствена предност на малите градини во однос на големите, е тоа што границите на површината визуелно се видливи, а со тоа имаме јасна слика за формата на градината, што значи дека имаме можност за создавање на уникатно дело.2

Во пејзажниот дизајн на малите простори важно е да се обрне внимание на приспособувањето на површината што ја имаме на располагање, со желбата и намената на градината во иднина. Па така, со оглед на ограничениот простор се јавува потребата од повеќе содржини во градината, како детско игралиште, двор за одмор со најблиските, летна кујна, работно катче итн., се раѓа идејата за изработка на мултифункционален простор.5

Во ваквите градини со ограничени димензии добар ефект се постигнува со разделување на просторот на различни нивоа, со што се создава визуелно чувство за поголема длабочина на просторот. При изборот на растенијата, исто така треба да се посвети големо внимание, особено на максимални димензии на растенијата кои би ги достигнале во иднина, како и условите во градината во поглед на светлина и влага да одговараат за конкретните растенија.

Доколку градината е со многу мали димензии, не е препорачливо да се користи едно големо дрво, поради тоа што ќе го покрие целиот простор под сенка, а воедно ќе доминира во целата композиција. За вакви градини најпрепорачливо е да се користат грмушести видови.6

Во градењето на градината многу важен избор паѓа на боите на растенијата, павер елементите и урбаната опрема. Композициите изградени по принципот на контраст помеѓу светли и темни растенија може да создадат одлична слика. При изборот не треба да се ограничуваме во поглед на нијансите на боите. Со боите може да се постигне чувство на топлина и свежна. Од друга страна, топлите тонови може да влијаат на промена на чувството на димензиите на градината.

Ладните тонови во сива и сина нијанса создаваат визуелно чувство дека просторот е поголем. Најголема грешка  која се прави при дизајнирање на градини со мали димензии е желбата да се искористи што е можно поголем спектар на бои. Во тој случај настанува хаос во градината. Најдобра опција е да се изберат две до три бои, кои би биле носечки и тие да претставуваат главна тема на композицијата.4

При дизајнирањето на малите градини треба да се внимава и на деталите што се користат, бидејќи овие градини се во еден поглед видливи, па затоа и најмалите недостатоци се впечатливи. Користењето на павер елементи како мали плочи или калдрма создаваат чувство на поголема пространост. Во поглед на изборот на растителноста, како и кај големите градини и тука вегетацијата треба да се селектира во однос на основните услови кои ги нуди месторастењето, пред сè климата.

3

Препорачливо е да се избегнува користење на видови кои со текот на времето достигнуваат димензии со кои „ќе ја надраснат“ градината. Исто така, доколку просторот за садење во овие градини е ограничен, може да се користат и садови. Во овие садови може да се одгледуваат речиси сите растенија, како декоративни грмушки, треви, перени. Со правилен избор на боја и форма на садовите тие може да претставуваат акцент во градината.1

 

Испрати коментар

Scroll To Top