Насловна / Ентериери / Дизајн на дом со меки линии и нежни тонови

Дизајн на дом со меки линии и нежни тонови

Клиентите на кои дизајнерите им ги уредуваат нивните простори за живеење, најчесто бараат нивниот дом да биде уреден така што ќе се избегнат „експерименти“. Без употреба на јаки и нападни бои или пак многу впечатливи дизајни кои сами по себе се дискутабилни поради можноста некому да се допаѓа, а некому не.

1-neutralen-dom

 

Овој дом кој ви го презентираме е типичен пример на дом во кој се употребуваат нежни и неутрални бои и нијанси, па токму поради овој факт истиот е допадлив. Избегнувајќи ги експериментите и нападните бои, архитектите од украинското студио со седиште во Одеса, M3 Architectural & Construction Group, дошле до одличен резултат со што добиле дом кој е пред се удобн и пријатен за живеење.

2-neutralen-dom

За сите елементи во домот се искористени природни материјали со своите вообичаени бои, па така секој од материјалите се вклопува во целокупната слика на просторот.

3-neutralen-dom

Исто така, освен топлите и меки материјали, во овој дом се јавува и натур-бетонот, кој пак како ладен материјал дава контратежа на целата топлина на просторот и така се воспоставува баланс во истот.

4-neutralen-dom 5-neutralen-dom 6-neutralen-dom 7-neutralen-dom 8-neutralen-dom 9-neutralen-dom 10-neutralen-dom

Испрати коментар

Scroll To Top