Тим на шпанско дизајнерско студио проектира интерактивна автобуска станица во еден мал град во американската држава Балтимор. Се состои од три одделни структури во форма на букви кои го формираат зборот „автобус“. Висината на секоја буква надминува четири метри, а се направени од челични рамки исполнети со дрвени панели на кои може да се седи, да се стават кеси со намирници, да се качуваат, или било што додека жителите го чекаат својот автобус. Така, една секојдневна рутина може да стане повеќе интересна состојба.