Овој дизајн центар во Франција е изграден во една напуштена фабрика за оружје, а еколошкиот концепт има за цел да ги инспирира дизајнерите што размислуваат слично.
Објектот се наоѓа во градот Сент Етјен во Франција.
Уникатноста на овој центар е начинот на кој тој се снабдува со електрична енергија – објект кој во потполност ја користи соларната енергија. Соларната енергија е искомбинирана со системот за греење и целосно овозможува ефикасно управување на објектот.
14.000 рамнострани триаголници на фасадата ја контролираат светлината, температурата и протокот на воздух во зависност од временските услови. Меѓу сите овие триаголници се скриени и триаголници кои се всушност фотоволтаични ќелии, кои ја собираат соларната енергија и овозможуваат снабдување на истиот објект.
Структурата е дизајнирана од страна на компанијата LIN. Самиот центар содржи аудиториум, сали за состаноци, изложбен простор, библиотека и градини во внатрешноста, како и кула за набљудување.