Насловна / Арт и дизајн / Дива енергија на ноќен клуб во Комотини

Дива енергија на ноќен клуб во Комотини

Грчкиот ноќен клуб La Cage Noire има дива енергија и е создаден за сите сезони.

klub

Благодарение на проектот на објектот, кој е одвоен од правоаголниот план на подот, постигнат е интересен монолитен волумен со силна симболика. Самото име на клубот (црн кафез) е како почетна инспирација за проектот.

klub1

Во согласност со споменатата симболика, следен потег било ослободувањето на дивиот свет, а ова значење е прикажано преку портрети на диви животни кои доминираат во просторот. Овој витален концепт е комбиниран со течен елемент и вегетација на влезот.

klub2

Природниот релјеф се припишува на ѕидните облоги, како и на геометријата на употребените форми, а посебен акцент е ставен на решетката сместена во различни делови од проектот, симулирајќи ја идејата за кафез. Целиот дизајн е проследен со едноставни и строги гравури, со монолитни монохроматски површини и јасни геометриски волумени.

klub3

Кога станува збор за палетата на бои, доминираат црната и сивата боја, создавајќи површини кои делуваат како неутрално платно за да се истакне впечатливото осветлување. Осветлувањето е од витално значење за проектот бидејќи е истовремено повикано да создаде мистериозна атмосфера, но и да коегзистира со ѕвезденото небо.

klub4

Отворениот кров нуди совршен поглед на небото и е исто така една од најдинамичните карактеристики на клубот: отворање црн кафез кон природата.

klub5

Овој клуб е создаден за да им овозможи на своите посетители да уживаат во слободата. La Cage Noire поканува да се истражи убавината на дивината и да се препуштите на добрата забава во секое време од годината.

klub6

Испрати коментар

Scroll To Top