Насловна / Вести / Дистрибутивната гасоводна мрежа во Струмица веќе достигна 25 km

Дистрибутивната гасоводна мрежа во Струмица веќе достигна 25 km

distributivna mreza na gasovod Str.

Општина Струмица, преку претпријатието „Струмица гас“ во континуитет ја проширува дистрибутивната гасоводна мрежа и истовремено обезбедува поголем број потрошувачи на овој енергент кој, пред сè, овозможува исклучителни ниски емисии на стакленички гасови, со што придонесува за одржлив развој на општината односно чиста и здрава животна средина.

Distributivna mreza na gasovod strum.

Неодамна заврши испитувањето на новоизградената делница на потегот од улиците Иљо Шопов, Коста Бозов и Јанко Цветинов, со што вкупната должина на дистрибутивната мрежа веќе достигна 25 километри. Испитувањето на новата делница е извршено од страна на Машинскиот факултет од Скопје и Државниот технички инспекторат, во согласност со сите важечки прописи  кои ја регулираат оваа проблематика.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top