Насловна / Архитектура / Дискретна современост во куќата на Фран Силвестрe Архитекти

Дискретна современост во куќата на Фран Силвестрe Архитекти

Архитектонското студио Фран Силвестре Архитекти (Fran Silvestre Arquitectos) стои зад резиденцијалната вила, која му пркоси на дијалогот помеѓу нејзиното минато, урбаните регулативи, програмата и потребите на современ дом, лоциран на главната улица на Патерна, близу до Валенсија, урбан историски фрагмент од 20 век.

4 3 1

Земајќи ја како водечки импулс постоечката фасада и изгледот на старата градба, се наметна потребата од рушење на внатрешниот простор и негова реконструкција на иновативен начин. Однадвор, фасадата го задржува својот лик (обединувајќи ја целината со третман кој ја интегрира и обединува) без да ја менува морфологијата кон улицата, одржувајќи ја сценографијата на урбаната меморија и унифицираноста на уличниот фронт.

8 9 11 10

Проектот предлага радикален дијалог помеѓу минатото и современото. По преминувањето на влезната партија, празнењето станува бујна игра на просторност, каде што внатрешниот волумен и неговите празнини течат низ три нивоа како магична сцена за прием, која директно се поврзува со надворешноста и каде што затворачите се контролираат за да се искористат предностите на блага медитеранска клима во текот на целата година.

 

Програмската конфигурација се развива околу дневниот простор до сепаративната ѕидна површина, во континуитет со лонгитудиналниот базен, кој како да се губи во пејзажот. На спротивната страна е поставена гостинската соба, а меѓу нив повеќенаменски простор формиран со разминување на волумените, создавајќи амбиент за уживање во импресивниот пејзаж. На првиот кат, во мирната зона, се позиционирани спалните соби. Демонтираните греди повторно се реупотребени при дефинирање на ентериерното обликување, при што добија нов живот.

21 20 18 22 26 25

Остатокот од просторот на овој кат е празен, што ќе не натера да се запрашаме за големината на просторијата чија длабочина се чини дека нема граници. Ноќната зона е распоредена попречно во вид на мост што ги врамува погледите. Главната просторија се наоѓа над дневната соба со иста ориентација.

Преминувајќи го прагот, се чини како да се наоѓате во друго време. Само она што е неопходно е затворено и климатизирано при што се генерира волумен на три нивоа, што при овој тип на надворешни услови, овозможено е користење во текот на целата година.

33 38 35 34

Испрати коментар

Scroll To Top