Во централното јадро на градот Ниш, отворен е Disco Jungle бар насловен ПРИНЦИП! кој го карактеризира индустриски дизајн.
Нишлиите добиле уште едно атрактивно место за ноќен провод, чиј проект го потпишува српското архитектонско биро „Архитектура Буѓевац“, пишува gradnja.rs.
Во прашање е диско бар поделен во две зони: делумно затскриена градина со високи седишта, и внатрешен дел за зимски периоди. Додека во ентериерот доминира ѕид со декоративна техника и името на просторот со големи кирилични букви, во градината централно место има муралот направен од уметникот Андреј Жикица Артеза, како и DJ пулт сместен на челична маса долга шест метри со масивни дрвени греди.
Над столиците висат сајли на кои е закачено осветлувањето, што на посетителите им создава впечаток дека се наоѓаат во затворен простор.
Во екстериерот со индустриски стил доминираат материјали како што се бетон, дрво и тула, а оваа комбинација визуелно е „скршена“ со површините на маси од patchwork плочки.
Покрај интересниот ѕид со натпис ПРИНЦИП!, во ентериерот доминираат дрвените гредички во вид на вертикални полици, кои од таванот се спуштаат по ѕидовите, создавајќи простор за чување на вински шишиња.
Целиот амбиент е надополнет со надoграден спот на осветлување, како што се познатите „Том Диксон“ висечки светла над сепареата.
Лавабото во форма на бетонско корито поставено е централно во тоалетот, па може да му се пристапи од сите страни.