По повод Миланската недела на дизајн, француската модна куќа Dior претстави 14 ексклузивни предмети од линијата куќни декорации Dior Maison, која се одликува со луксузен и модерен стил, драгоцени материјали и врвна изработка.
Компанијата Dior и дала одврзани раце на фирмата Dimore Studio, која се занимава со внатрешна архитектура и дизајн, да креира низа ексклузивни предмети за Dior Maison. Колекцијата содржи вазни, послужавници, свеќници, држачи за чадори, како и картици за распоред на седење, кои изгледаат како вистински мали уметнички дела.
Дизајнот на овие ексклузивни предмети за куќа на елегантен и префинет начин спојува различни метали како злато, сребро, бронза, челик со плексиглас. Оваа специјална колекција е достапна само по порачка и само една година.
Колекцијата е претставена во една од најфасцинантните милански палати Casa degli Atellanа, изградена во XV век и декорирана со слики и фрески на ренесансни мајстори. Палатата се наоѓа карши црквата Santa Maria delle Grazie во која е причуената фреска на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“.
Ова е прва уметничка соработка помеѓу брендот Dior Maison и дизајнерскиот свет. Брендот и предходно соработувал со реномирани дизајнери и произведувачи, но на помали колекции или на еден предмет.
Dimore Studio во 2003 година го соновале американскиот графички уметник Britt Moran и тосканскиот произведувач на мебел Emiliano Salci. Dimore Studiо неретко соработува со компании од светот на модата, а меѓу позначајните можат да се издвојат куќите Hermès и Fendi.