Насловна / Архитектура / Динамична фасада во Мексико Сити

Динамична фасада во Мексико Сити

Dinamicna fasada Meksiko

Овој објект го карактеризира динамична фасада наречена по старогрчкиот математичар, физичар, инженер, пронаоѓач и астроном Архимед од Сиракуза. Архимедовата динамична фасада е инспирирана од геометриските теореми кои тој ги поставил и докажал. Со користење на најмодерни технологии за дизајн, компанијата  FR-EE  ја проектирала оваа станбена зграда која претендира да стане ново обележје на дистриктот „Polanco“ во Мексико Сити, кој е познат по својата културна разноликост и богатото архитектонско наследство.

Dinamicna fasada Meksiko1

Сместена е во непосредна близина на паркот Chapultepec – еден од најголемите паркови и популарна туристичка дестинација во Мексико. На секој сопственик на стан во зградата – „Arquímedes 7“ или скратено „A7“  ќе му биде обезбеден исклучителен поглед кон паркот преку огромните балкони во секоја станбена единица.

Луксузното лоби обложено со мермер, го „подига“ расположението со стаклената фасада која го комплетира мирниот и зелен крај во кој е сместен објектот. Ексклузивните содржини се лоцирани на призамјето и кровот, и им нудат на станарите елегантни и луксузни простории за опуштање и забава.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top