Насловна / Архитектура / Динамичка фасада со лизгачки ѕидови

Динамичка фасада со лизгачки ѕидови

Во Бејрут е завршена кула која ја карактеризираат огромни челични панели кои се извлекуваат од реконфигурабилните станови и „извирааат“ од фасадата на зградата. Објектот е дело на проектантската компанија Fouad Samara Architects. Клучната личност во овој проект насловен „Modulofts“ е архитектот Fouad Samara, кој настојува да обезбеди нова станбена типологија што ќе ја задоволи потребата од мали и средни капацитети за сместување во либанската престолнина.

Проектот опфаќа седум дуплекс апартмани наредени на 14 ката, во рамките на квартот Ashrafieh. Како што велат од студиото, објектот е „инспириран од чистотата на традиционалната либанска куќа (beit)и флексибилните урбани потпокриви во Лондон и Менхетн од периодот на шеесетите и седумдесетите години“. Лизгачките ѕидови кои излегуваат од фасадата им овозможуваат на станарите да г одвојуваат различните простории по потреба, што резултира во прилагодлив ентериер кој може да се конфигурира на 16 различни начини.

Компанијата Fouad Samara Architects применила слична комбинација на бето и челик на  зградата на универзитетот кој се наоѓа на стрмен терен со цел да се обезбеди поглед кон Средоземното море.

FSA2

FSA3

FSA5

Испрати коментар

Scroll To Top