Насловна / Архитектура / Дијамант во пустина: Хотел на границата на надреализам и научната фантастика

Дијамант во пустина: Хотел на границата на надреализам и научната фантастика

Хотелот Desert Diamond не е само зграда, туку архитектонска визија на надреализмот со примеси на научна фантастика и допир на романтика. Дело е на шангајското студио SHUISHI и е надреално за нашиот секојдневен живот, но сепак е изградено во областа Шапоту, недалеку од градот Жонгвеи во Кина, во пустината Тенгер.

Ова е место каде што можете да ја откриете пустината, Жолтата река, високите планини и оазите – пејзаж полн со грандиозните чуда на северозападот и деликатната елеганција на југот. Токму тука е сместен хотел кој делува како да е од фантазија.

Пустината како извор на бескрајна инспирација

Како што објаснуваат архитектите, пустинскиот пејзаж е единствена компонента на природата, каде што огромната температурна разлика помеѓу денот и ноќта, интензивното УВ зрачење, суровите песочни бури и екстремно сувото време го отежнуваат опстанокот. Без современи технологии, тука е речиси невозможно луѓето да преживеат.

„Изградбата на хотел во пустината е предизвикувачки потфат, а пустината служи како извор на бескрајна инспирација за нас, бидејќи прикажува навидум контрадикторна, но фузиони аспекти: пространа и мистериозна, романтична и сурова, пуста и страсна, тивка и каприциозна“, велат од студиото SHUISHI.

Архитектите нагласија дека нивната идеја била да изградат чиста, цврста и вечна резиденција, како дијамант кој сјае, останува робустен и кристално чист. Пред нејзината чистота, како под бескрајни пустини, луѓето чувствуваат „празнина“, непостоење на постојаноста на сè и непостоење на егото.Моќта на „празнината“ секако има огромен потенцијал.

Тука е и симболиката на дијамантот, како најтврдата супстанција на светот, која претставува цврста вера и силна волја и неговата способност да се соочи со оган и железни предмети. Инспирацијата е пронајдена во симболиката на дијамантот за вечноста.

Откако е исечен, полиран и изложен на светлина, чист, проѕирен дијамант зрачи со прекрасни бои како блескава ѕвезда на ноќното небо. Регионот Нингсија е „домот на ѕвездите“, а областа Шапоту, особено тивка ноќе, е место за гледање ѕвезди, романтичен настан кој трае илјадници години.

Хотелот Desert Star, како прва фаза од проектот, е првиот хотел со тема пустина и ѕвезда во Кина и моментално ужива голема популарност. А всушност втората фаза од проектот е она за кое говориме, луксузен бутик хотел за одмор кој нуди поживописни теми и оригинални искуства за гостите кои бараат поквалитетни удобности и духовно задоволство.

Преку концептот „дијамант“ се воспоставува врска меѓу пустината и ѕвезденото небо, како и меѓу човекот и природата. Тоа беше почетната точка на проектантската работа на архитектите.

Архитектура како медиум помеѓу човекот и природата

Огромната празнина и тишината на пустината се остар контраст со метежот и вревата на градот. Кога го гледаме на градот и неговите згради и простори, нашите мисли и расудувања обично се порационални и похуманистички, а нашето внимание е повеќе фокусирано на меѓучовечките односи.

Меѓутоа, во пустината мора да се почитува овој специфичен пејзаж на природата, бидејќи архитектурата овде повеќе личи на медиум, кој ја нагласува врската меѓу човекот и природата и создава искуство што ја трансформира примитивната природа во место на поврзување меѓу луѓето, воспоставувајќи подлабока врска меѓу човекот и природата преку човечкиот облик, посочуваат авторите.

„Да ја направиме светлината втората кожа на архитектурата“

За архитектурата на површината, користен е сиво-бел тон, земајќи ја предвид силната сончева светлина во пустината. Кога сонцето сјае на површината на архитектонската структура, можете да го забележите сјајот на минералните зрна, токму како што пшеничните зрна сјаат на сонце. Белата боја најдобро ги истакнува боите на небото, правејќи ја светлината втора кожа за архитектурата.

Сончевата светлина во различни сезони и во различни периоди од денот ја спојува архитектурата со пустината, небото и небесните тела, трансформирајќи ја во мерка за време. Гледајќи ги промените во светлината и сенката на архитектурата, можете лесно да го одредите времето од денот.

При обликувањето на архитектонската форма, архитектите користеле „триаголни ѕвездени светилки“ со различни големини и овој дизајнерски јазик се применува како единствен мотив низ архитектурата. Секој елемент има прилагодено осветлување, чии внатрешни страни се направени од огледала, кои ја рефлектираат светлината во бескрај.

Пустината има единствена убавина. Пространа е, романтична, тивка, мистериозна и вечна. При проектирање на хотелот, основната идеја е да се вклопи во пустинскиот пејзаж на секој можен начин и до крајни граници. Пружањето поглед на пустината преку архитектурата би требало да биде дел од проектот, а сите прозорци поглед на пустината обликувани се во форма на дијамант.

Сите простори се тесно поврзани, распоредени еден до друг, за да се создаде секвенца од ритуални простори во аксијална симетрија. Точно во центарот се јавните услуги и сервисниот дел на хотелот, а на првото ниво се јапонскиот ресторан и лаунџ барот, во близина на надворешниот базен во форма на дијамант и тераса.

Овде, брановидните песочни дини се вклопуваат и ја кријат логистиката лоцирана под првото ниво, додека второто ниво ги содржи пристапната зона, лоби барот и рецепцијата.

Внатре во главниот влез во јавниот простор проектиран е негативен простор во облик на дијамант, составен од неколку секции, а дополнителен сјај му даваат огледалата. Кога ќе се најдете во овој простор, ќе се чувствувате како да сте во самото срце на дијамант.

Во средината на јавниот простор, кинеските архитекти проектирале ритуална патека за шетање која се протега на север, а на крајот на шеталиштето се наожа Ѕвездената сала опкружена со плоштад.

Како највисок и најважен симбол на целиот хотел, Ѕвездената сала има само околу 100 квадратни метри ритуален простор, додека покривот е висок дури 27 метри. „Ова е најважниот простор, каде што гостите се поврзуваат со небесните тела и пустината“, истакнуваат авторите.

Под главниот простор на Ѕвездената сала има помошни простори како соблекувална за невеста (во случај на организирање свадба), ВИП соба, тоалети, складиште и канцеларија.

Гледано од небо, целиот комплекс изгледа како дијамантски ѓердан, каде јавните простори и салата се како сјаен привезок. Триесет соби се поврзани во закривена линија и секоја се ротира за пет степени за да обезбеди различен поглед на пустината.

На врвовите на крилата на хотелот се наоѓаат два големи одвоени апартмани кои можат да се користат за венчавки, а достапни се со теренски возила. На првото ниво се наоѓа дневната зона и мала спална соба, а спиралните скали водат до голема спална соба со бања каде може да се ужива во погледот на ѕвезденото небо преку кровен прозорец.

Епилог

„Кога првпат стапнавме на оваа локација во мај 2021 година, тоа беше само бескраен океан од песок и само го ослободивме нашиот ум за да замислиме утопија. Од почетокот на проектот, имавме најмалку дваесет посети на локацијата“, додаваат архитектите на крајот и заклучуваат: „Сведочевме на излегување на проектот од земја како и покрај бројните песочни дождови и бури, а исто така искусивме и екстремна тишина без ветер, во која можете да го слушнете сопственото чукање на срцето. Кога проектот конечно беше завршен, далеку ја надмина нашата имагинација“.

Испрати коментар

Scroll To Top