Познатата слика од 1642 година, последен пат била предмет на сериозна реставрација пред повеќе од 40 години, откако некој човек ја исекол со нож. Сега, преку комбинација на уметноста и вештачката интелигенција, овозможено е сликата „Ноќна стража“ да се склопи во целост, вклучувајќи ги деловите кои се искинати 70 години откако уметникот ја насликал. Реставрацијата е направена во холанскиот музеј Rijksmuseum. Музејот отсекгаш знаел дека сликата е оригинал и далеку поголема од познатата копија насликана во исто време од страна на Gerrit Lundens.
Истражувачите и реставраторите, кои речиси две години макотрпно ја надгледувале работата користејќи високотехнолошки скенери, рентгенски зраци и дигитални фотографии, комбинирале огромна количина податоци за да ги креираат деловите кои недостасуваат. „Направивме неверојатно детална фотографија на „Ноќна стража“, а со помош на вештачка интелигенција односно неуронска мрежа, го научивме компјутерот која боја ја користел уметникот и како изгледале неговите потези со четките“, рекол директорот на музејот.
Причината поради своевремено која е исечен групниот портрет на амстердамската цивилна милиција е едноставен – бил преместен од клупската куќа на милицијата во градската куќа, а таму не го собирало на ѕидот помеѓу две врати.
Дигиталната креација, која ќе се прикажува во наредните емсеци, доаѓа во склоп на истражувачко – реставраторскиот проект под името „Операција Ноќна стража“, кој е започнат пред нешто помалку од две години. После попуштањето на мерките поради пандемијата во Холандија, музејот веќе работи, но со половина од својот капацитет. Во текот на реставрацијата, сликата била затворена во посебно дизајнирана стаклена соба и детално проучувана од самото платно, па до завршниот слој боја.