Изложба на дигитални колажи на академик Влада Урошевиќ со наслов „Laterna magica“ поставена е во Ликовниот салон на МАНУ. На изложбата се презентирани 40 дела, во најголем број дигитални колажи работени со помош на компјутер. Во рамките на поставката, Урошевиќ го изложи и својот нацрт за роман во продолжение и со илустрации.