Повеќе од 60 години од смртта на глумицата Мерилин Монро, нејзината дигитална верзија, создадена со помошна вештачка интелигенција, ќе биде претставена на технолошката конференција на фестивалот South by Southwest во Остин, Тексас, каде ќе може и да арзговара со посетителите. На неодамнешното тестирање, дигиталната Мерилин зборувала за својата најдрага улога, во комедијата „Некои тоа го сакаат жешко“ од 1959 година, застанувајќи и размислувајќи пред да го дадае одговорот.
Дигиталната Мерилин е креирана од компанијата Soul Machine, специјализирана за создавање на реализстични дигитални личности, во соработка со Authentic Brands, маркетиншка компанија која поседува права за репродукција на сликите на Монро, како и на други починати ѕвезди.