Францускиот дигитален артист Miguel Chevalier, кој е познат насекаде во светот по својата виртуелна уметност, инспириран од мароканската култура создаде „дигитална арабеска“. Оваа интерактивна инсталација беше прикажана во четири француски институти во Мароко. Целокупната инсталација се базира на креирање „тепих од светлина“ кој е контролиран преку масивен сензор. Разнобојните дигитални сцени компонираат шари кои потсетуваат на арабеска и мозаик.
Софистицираните геометриски шари постојано се трансформираат според движењето на посетителите, за на крај повторно да се вратат во првобитната состојба. Ваквата појава создава чувство на постојано менување на подот и истовремено влијае врз перцепцијата на луѓето.
Оваа дигитална уметност се поврзува со уметноста на Виктор Вазарели, чија работа претходела на денешната дигитална уметност.