Градоначалникот на Виена, неодамна пред градскиот совет ги презентираше првите резултати од т.н“Дигитална агенда 2025“ склучена на 26 септември 2019 година. Досега во дигитализацијата на Виена извршени се следните чекори:
Во градинките и училиштата децата користат интерактивни дидактички помагала како што е роботот Digi Box. Станува збор за дигитален робот во облик на пчела. Овој проект ќе биде проширен на вкупно 228 училишта и 350 градинки во Виена. Роботот може да се движи по различни подлоги, а копчињата на “грбот“ од роботот служат за програмирање и меморирање на 40 наредби. Додека ракуваат со нив, децата не само што се учат на основите во програмирањето, туку и на аналитичко размислување, просторна ориентација и решавање на проблеми. Дигитализацијата успешно се спроведува во средните училишта преку нови предмети и насоки од оваа област. Исто така, Виенскиот Фонд за субвенционирање на работници, организираше програма Digi-Winner, со која на повозразните невработени лица им се нуди обука и усовршување во областа на програмирањето во висина до 5000 евра. За оваа своја програма, Град Виена има издвоено средства во вредност од 3,5 милиони евра.
Со цел регулирање на сообраќајот и намалување на гужвите, главниот град на Австрија поставил и вмрежил семафори кои се опремени со сензори за временските услови. Се развива и паметно земјоделство и се работи на зајакнување на дигитализацијата преку финансирање на поединечни проекти во висина до 400.000 евра.
„Дигиталната агенда“ е еден вид на работен документ кој постојано се дополнува, евалуира и служи за преглед на актуелните проекти во градот. Едно од основните начела на дигиталната агенда е градот како услуга, односно град кој им служи на граѓаните како дигитална платформа и придонесува за подобар квалитет на животот.