Францускиот уметник Miguel Chevalier својот најнов проект во форма на интерактивен дисплеј одлучил да го стави по целата должина на подот на поранешна црква во Казабланка, Мароко. Со игра на светлосните ефекти делото сака да ги потсети и воведе посетителите во светот на биологијата и микроорганизмите, и нивната способност да се одделуваат и спојуваат, односно трансформации со голема брзина, а целата идеја резултира во една прекрасна светлосна интерактивна инсталација.
Во црно-бели бои, светли и силни нијанси, целото визуелно искуство е засилено со музиката на Michel Redolfi. Интересната комбинација на дигиталната технологија и биолошкиот свет претставува несекојдневно искуство за посетителите што уживаат и се релаксираат на овој „магичен тепих“.