Насловна / Вести / Дигитален имунолошки пасош во Естонија

Дигитален имунолошки пасош во Естонија

Естонија покрена апликација на дигитални имунолошки пасоши, кои им овозможуваат на луѓето да го споделат со трети лица својот статус поврзан со корона вирусот, како на пример со работодавачот или сл. Immunity Pass е мобилна и web апликација која собира податоци за тестирањата за корона вирусот. Апликацијата е направена од страна на невладина организација, со поддршка на  start-up компании и здравствените власти. Програмерите велат дека апликацијата е во согласност со естонските и меѓународните прописи за приватност на податоците, но признаваат дека се „свесни за можните етички, општествени и други проблеми, и неможнота тоа решение да функционира во некои земји“.

Светската здравствена организација предупреди во врска со издавањето на такви пасоши на лицата кои се опоравиле од вирусот, затоа што нема докази дека тие се заштитени од повторна инфекција.

imunity pass2

 

Испрати коментар

Scroll To Top