Холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо и директорот на неговата фондација се состанаа со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за да разговараат за заштитата на животната средина и зелената економија. Директорот на фондацијата “Leonardo DiCaprio” (LDF), потврди дека состанокот е одржан во Трамп кулата во Њујорк, при што го презентирале својот концепт на одржлива економија и отворање нови работни места токму преку производство на чиста енергија.
Оскаровецот и амбасадор на ОН за мир, познат е по својот ангажман за прашањата во врска со климатските промени, а неговиот последен документарен филм „Before the Flood“ зборува за опасностите што следуваат во наредните децении предизвикани од климатските промени.
Од друга страна, Трамп во текот на кампањата отворено зборуваше против актуелниот Договор за климата и планот на Обама за чиста енергија.