Насловна / Вести / ДГ Бетон АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за првите девет месеци од 2015

ДГ Бетон АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за првите девет месеци од 2015

Во периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година ДГ Бетон АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 57.019.610 денари, што е за 35,61% повисок во однос на добивката остварена минатата година, информираат од компанијата.бетон скопје_resize

Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерални суровини и тоа: Бетон-Про ДОО Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје и Бетон- Рудник ДОО Скопје.

Во првите девет месеци од 2015 година во консолидираниот биланс на успех е искажана консолидирана добивка во вкупен износ од 57.339.493 денари.

Остварените вкупни приходи во период Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 1.934.743.445 денари и во споредба со остварените за истиот период во 2014 година се повисоки за 2,68%.

Остварените косолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2015 година изнесуваат 1.963.696.711 денари.

Остварените вкупни расходи во период Јануари-Септември од 2015 година изнесуваат 1.877.723.835 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година се зголемени за 1,92%.

Остварените косолидирани вкупни расходи, во овие девет месеци од 2015 година изнесуваат 1.906.357.218 денари“, информираат од компанијата.

Испрати коментар

Scroll To Top