Насловна / Вести / Девет градоначалници од Западен Балкан потпишаа декларација за намалување на загадувањето на воздухот

Девет градоначалници од Западен Балкан потпишаа декларација за намалување на загадувањето на воздухот

Девет градоначалници од Западен Балкан, потпишаа декларација со која прифаќаат да превземат доброволни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во своите градови и општини, од кои најголем дел се наоѓаат во региони со јагленокопи и/или термоцентрали на јаглен. Декларацијата на градоначалниците е потпишана на неодамна одржаниот Форум на Енергетската заедница за праведна транзиција, а во склоп на иницијативата покрената од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и унгарскиот Зелен центар за Западен Балкан  (Western Balkans Green Center – WBGC).

cari1

Иницијативата за региони со чист воздух  (Clean Air Regions Initiative – CARI) е фокусирана на најважните извори на загадување на воздухот, како што се греењето на домаќинствата, индустријата и сообраќајот, а целта е регионите и заедниците да се поттикнат на делување во областа на квалитетот на воздухот на доброволна основа.  Деветте потписници на декларацијата се: Бановиќи, Какањ, Маглај, Лукавац и Тузла во Босна и Херцеговина, Битола во Македонија, Плевлја во Црна Гора и Ниш и Нови Сад во Србија. Градовите и општините кои пристапија на иницијативата, ќе изработат, усвојат и спроведат акциски планови за подобрување на квалитетот на воздухот, со поддршка на Секретаријатот на Енергетската заедница и WBGC. Исто така, ќе разменуваат и искуства и информации за напредокот и резултатите во другите региони и општини.

cari2

 

Испрати коментар

Scroll To Top