Општина Гевгелија распиша повик за продажба преку електронско јавно наддавање на девет градежни парцели за изградба на индивидуални куќи во станбената населба ,,Караорман“.
Парцелите се со површина од 335 до 738 метри квадратни, со почетна цена од 1.003 денари за метар квадратен.
Од одделението за урбанизам велат дека парцелите што се на продажба од неодамна со градот се поврзани со нова асфалтирана улица, имаат приклучоци за вода и канализација што само потврдува дека се дел од елитната гевгелиска населба за која постои голем интерес.
Пријавувањето на заинтересираните купувачи ќе трае до 18 август, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 20 август од 10 до 12 часот, со времетраење од по 15 минути за секоја градежна парцела.