Насловна / Вести / Девет членки на ЕУ бараат зелен статус на водородот добиен со електрична енергија од нуклеарки

Девет членки на ЕУ бараат зелен статус на водородот добиен со електрична енергија од нуклеарки

Франција, Романија, Бугарија, Полска, Словенија, Хрватска, Словачка, Унгарија и Чешка, испратиле барање до Евроспката комисија да го вклучи водородот со произведен со електрична енергија од нуклеарни електрани во целите на Еу за зелен, односно водород добиен од обновливи извори. Како што истакнуваат во писмото, нивното барање се базира на принципот на „технолошка неутралност“ и „сувереноста и надлежноста на државите членки да одлукуваат за своите енергетски миксови“, како што тоа е дефинирано во договорите на ЕУ.

hydrogen1

Терминот „зелен“ водород се добива по пат на електролиза на водата со користење на електрична енергија од обновливи извори на енергија (главно Сонце и ветер), односно електрична енергија која е произведена без емисии. Доколку во процесот се користи електрична енергија од нуклеарки, тогаш овој водород е оклвалификуван како „розов“. Во писмото стои дека ЕУ би требало да ја вклучи нуклеарната енергија во измените за обновливата енергија (RED).  Групата исто така повикува на воведување на слични амандмани во т.н гасен пакет, кој го регулира производството и транспортот на водород. Во писмото исто така се истакнува овој водород би помогнал во „декарбонизацијата на клучните индустриски ланци“, како што се производството на челик, алуминиум и ѓубриво.

hydrogen2

Денес најголем дел од водородот кој се користи во европските индустрии се произведува од јаглен и гас. Во таа постапка, за секој добиен килограм водород, се емитуваат десет килограми јаглерод диоксид. ЕУ сака да постави секторски цели за водородот кој се произведува од обновливи извори. Сепак, според мислењето на споменатите девет земји, намерата да се користи исклучиво енергија од обновливи извори би можела да ја загрози главната цел на ЕУ, најдоцна до 2050 година да постигне климатска неутралност. Писмото содржи и предупредување дека потпирањето само на водород од обновливи извори ја ограничува брзината на развој на економија базирана на водород  и одржува висока цена на производството на водород. Државите исто така потенцираат дека „стратегијата која главно се потпира на зелен водород може да доведе до нова зависност“ и претставува ризик за енергетската сигурност на ЕУ. Од друга страна на оваа идеја заговорници за поддршка на водородот од нуклеарна енергија, се противат најмалку девет земји членки, меѓу кои се и Германија, Данска, Австрија и Луксембург.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top