Државата по првото огласување за продажба на детските одморалишта во Македонија досега успеала седум да продаде. Во 2014 година ги продаде одморалиштата во Крушево и Пехчево. За продажба останале одморалиштето на Пелистер, во Дојран и едно во Свети Николе.
Детското одморалиште на Пелистер имаше почетна цена за продажба од 500 000 евра, но сега со новите проценки кои се прават, се очекува вредноста да се намали. Како што рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, оној што ќе го купи ќе има обврска да ја задржи дејност како рекреативно место и две години да ги задржи на работа вработените.