Насловна / Вести / Детските играчки од рециклирана пластика контаминирани со токсични хемикалии

Детските играчки од рециклирана пластика контаминирани со токсични хемикалии

Меѓународните организации IPEN, Arnika, ALHem и 17 други европски организации ги објавија резултатите од истражувањето кое покажува дека производите за широка потрошувачка, вклучувајќи ги тука и детските играчки од рециклирана пластика, се контаминирани се токсични хемикалии. Се работи за успорувачи на горењето, бромирани соединенија,  за кои е познато дека влијаат на работата на тироидната жлезда, и предизвикуваат невролошки проблеми кај децата. Студијата во која се анализирани 109 играчки и прибори за коса, укажува дека во 107 предмети (98%) постојат мерливи концентрации на PBDE (Polybrominated diphenyl ethers), додека 55 примероци содржеле HBCD (Hexabromocyclododecane)

Пропишаната дозволена концентрација на PBDE во производите од нерециклирана пластика е 10 ppm, додека за рециклираните пластични производи дозволено е 1000 ppm. Оваа “токсична“ пукнатина во прописите, овозможува и покрај високата концентрација  на токсични хемикалии кај играчките, сепак тие да се во опсегот на дозволени концентрации за рециклирани материјали.

За спроведувањето на оваа студија земени се 430 примероци во периодот од април до јули 2018 година, од следните земји:членките на Европската Унија ( Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска), како и во Албанија, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Русија и Србија. Испитувања се направени врз 109 примероци во лабораторијата на Прашкиот Универзитет за хемија и технологија.

Студијата под наслов „Токсична пукнатина: Рециклирање на опасен отпад во нови производи (Toxic Loophole: Recycling Hazardous Waste into New Products) можете да ја прочитатате ОВДЕ

toys1

toys2

toys3

Испрати коментар

Scroll To Top