Родителите најчесто ги чуваат цртежите на своите деца по фасцикли и фиоки, а ретко успеваат повторно да ги разгледаат. Меѓутоа двајца уметници од Турција смислиле начин како омилените детски цртежи да ги претворат во нешто трајно и видливо, нешто што засекогаш може да остане и да биде и спомен.
Турското дуо јувелири „Tasarim Takarim” од Истанбул, токму со тоа се занимава – тие изработуваат привезоци за ланчиња, брошеви, манжетни, нараквици, привезоци за клучеви, менѓуши и скулптури со мотиви од детски цртежи. Родителите можат преку нивната интернет продавница да нараачаат накит инспириран од своите мали уметници.
Повеќе за оваа креативна јувелирска работилница можете да погледнете тука, а и да нарачате уникатни производи од детската уметност.