Насловна / Архитектура / Детски цртежи претворени во архитектонски простори

Детски цртежи претворени во архитектонски простори

Young Architects Competitions (YAC) претставува асоцијација којашто има цел да ги промовира конкурсите помеѓу младите дизајнери и архитекти, без оглед на тоа дали се дипломирани или се сѐ уште студенти. YAC има за цел да иницира истражувања за дизајнот, архитектурата и урбаното планирање. Идеите на натпреварите претставуваат привилегирана алатка за да им се даде живот на архитектонските дебати и истражувања.

5 (1)

YAC во соработка со сопственикот на објектот „Unipol“, објавија идеен архитектонски конкурс со цел младите архитекти да дадат разни идеи за трансформација на еден од најимпресивните индустриски архитектонски објекти во Европа, во една од најголемите градинки во светот – Kid’s factory.

1 (1)

Поставената задача беше  поранешната фабрика за керамика, сместена во прегратките на населбата Laveno Mombello во провинцијата Verese (Ломбардија, Италија), распространета на бреговите на езерото Maggiore, која зафаќа површина од 27.000 m2 да се пренамени во детска градинка – Kid’s factory.  На конкурсот аплицираа вкупно 1074 тимови од 90 различни земји, од Аргентина до Виетнам, но само 402 проекти успеаја на време да ги предадат нивните трудови. На конкурсот се доделија три први награди, а покрај главните награди се доделија и четири специјални награди, т.н.  „Gold Mention“. Овие награди беа дадени на архитектонски тимови кои не успеаја да бидат меѓу првите три наградени, но жирито сметало дека се квалитетни проекти, кои се истакнуваат во однос на останатите.

2 (3)

Церемонија за доделување награди на конкурсот на Kid’s factory се одржа на Торе Веласка, Милано/Италија на која се водеа интересни разговори на теми кои се однесуваат на проекти за современа архитектура, без притоа да се занемари заштитата на историското наследство. Едни од главните учесници во дискусијата беа: Франс Ван Вуре од УН Студио, Анастасија Кучерова од БОЕРИ Архитети и спонзорот Gruppo Unipol.

ДЕТСКИТЕ ЦРТЕЖИ ИНСПИРАЦИЈА НА НАШИОТ КОНЦЕПТ

Архитектите како будни сонувачи постојано се во потрага по нови инспирации и предизвици. Но, тоа што е секогаш присутно како инспиративно жариште е детството и фасцинантните спомени од детството. Возрасните ја доживуваат архитектурата низ призма на функционална логика; секој простор има своја сопствена употреба и секој елемент има своја цел.

3 (2)

Сепак, ова не е начинот на кој децата размислуваат и живеат во просторот. За нив, тоа е игра. Игра на постојано истражување и неограничени можности. Секој простор може да биде нешто друго, секој елемент може да создаде нови содржини, секое место може да биде на друго место.

Главната инспирација за развојот на нашиот концепт се детските цртежи, кои се едни од најефективните методи и јазици на изразување на децата во предучилишно образование.

4 (1)

Ние како архитекти, чиј главен начин на експлозија на идеите е исто така цртежот, се обидовме да ги издвоиме најповторуваните елемeнти од детските цртежи и да ги претвориме во архитектонски простори, кои ќе станат главни обликовни елементи на целиот објект.

Па така, сликата за куќа веќе постоеше како поединечен елемент во самата фабрика. Од дрвјата и цвеќињата создадовме една голема шума поделена на неколку внатрешни дворови. Просториите за активности се отворени, со цел да се обезбеди искуството на сонцето. Боите на виножитото се имплементирани во училниците, за да ги предизвикуваат истите чувства кај децата како во моментот на цртањето. Концептот за просториите за собир и дружење е резултат од сликата за среќно семејство и другарство, а просторот за набљудување е создаден за да овозможи спој со природата, односно, визури кон ридовите кои се во близина на локацијата, а се инспирација од планините од детските цртежи.  Последниот, но не и најмалку важен фактор е таа неизмерна детска СРЕЌА што се залага за вечна слобода, а ние како обликовен архитектонски елемент ја претставивме преку отворена платформа која ја обиколува целата градинка.

GAM_2071_big

Година: 2019

Проект: 7 Journey

Конкурс: Young Architects Competitions (YAC): Kid’s Factory

Автори: Енес Север, Мерве Кавас, Ипек Акин, Егзон Фека

Локација: Verese (Ломбардија, Италија)

Комисија: Ben Van Berkel, Stefano Boeri,  Peter Wilson, Mario Cucinella

Награда: Gold Mention

Untitled-1

Автор: Енес СЕВЕР, дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Scroll To Top