Смели бои и графички елементи кои претставуваат море и небо додаваат особеност и контекст во ентериерите на овој детски центар во Сиднеј дело на австралиската дизајнерка Danielle Brustman.
Brustman била одговорна за внатрешниот пакет на образовната установа Harbour Early Learning, која се наоѓа во градското предградие Vaucluse и има за цел да ги поврзе децата со воспитувачите, природата и пошироката заедница.
Проектната програма изискувала висококвалитетен објект распореден на три нивоа со фокус на интегритетот на дизајнот и на благосостојбата и на децата и на персоналот.
Brustman користела предимензионирани графички елементи во целиот просторот за да помогнат да се поттикне имагинацијата на децата и да се создадат тематски искуства кои одговараат на амбиентот на зградата сместена покрај пристаниште.
„Сакав дизајнот да инспирира задоволство и радост за корисниците на објектот“, изјави дизајнерката за Dezeen и додава: „Исто така, сакав да создадам здрав простор користејќи еколошки одржливи и квалитетни материјали кои ќе го издржат тестот на времето и на малите деца!“
Brustman тесно соработувала со архитектите од бироата SJB и Supercontext, како и со пејзажниот архитект Fiona Robbe и експерти за знаци Citizen за да испорача низа простори за игра и учење во затворен и надворешен простор што ја одразуваат образовната филозофија на клиентот.
Надворешните и внатрешните простори на објектот проектирани се така за да референцираат околната природа, со големи отвори кои врамуваат погледи на соседните зрели смокви.
На ентериерот силно влијаел контекстот на зграда покрај море, при што секоја соба добила посебна тема, вклучувајќи ги просторијата Небо, Соба за зајдисонце, Соба виножито, Соба под море и Соба брод.
Темите им даваат на собите уникатен карактер, додека истовремено го нагласуваат промислениот распоред на просторите, со елементи на база на вода на приземјето и референци на небо на горниот кат.
Графички детали се користени низ целиот ентериер за да ги надополнат архитектонските карактеристики, вклучувајќи ги заоблените прозорци и кружните кровни прозорци.
Подот од линолеум и теписи со геометриски форми, се покрај мурали кои прикажуваат поедноставени елементи како бранови и облаци.
Сирови материјали и неутралните тонови користени за екстериерот отстапуваат место за поживописни нијанси во внатрешноста на зградата.
Brustman избрала бои за кои вели дека имаат „малку заматен впечаток“ за да се одржи доследноста и поврзаноста со природата.
„Беше важно палетата на бои и материјали да биде единствена во секоја просторија, но исто така да постои и кохезивна нишка низ целиот простор. Палетата е замислена во неа да уживаат и децата и наставните тимови“, вели дизајнерката.
Материјалите што се појавуваат на надворешноста на зградата, како што се натур бетон и бледо дрво, се повторуваат во просторот за прием каде што имаат контраст со шарени елементи кои помагаат при пронаоѓањето на патот и циркулацијата.
Примарните нијанси во овој простор се однесуваат на работата на холандскиот сликар Пит Мондријан, додека сините скали ги евоцираат боите на пристаништето во Сиднеј.
Секаде каде што било можно, Brustman избрала мебел кој е дизајниран и изработен во Австралија, фокусирајќи се на парчиња што се доволно робусни за да можат да ги користат децата.