Насловна / Архитектура / Детската стоматолошка клиника со релаксирачка атмосфера за младите пациенти

Детската стоматолошка клиника со релаксирачка атмосфера за младите пациенти

Детската стоматолошка и ортодонтска клиника лоцирана е во Саитама, Јапонија. На просторот околу локацијата со векови воглавном имало дрвја, од кои некои сè уште остануваат во градината на клиентот.

8_resize

1_resize

Во населбата се сместени станбени згради и стоматологија опкружена со зеленило, која семејството на клиентот ја работи последните 60 години. Постоечката клиника главно нуди редовна стоматолошка нега, додека повремено третира ортодонтски и педијатриски пациенти. Со зголемените побарувања за последните услуги, клиентот одлучил да изгради анекс за стоматолошки и ортодонтски третмани за деца.

GA_siteplan_final_en 2_resize

„Предложивме клиника која стои меѓу растенијата и заедно со нив е како дел од текот на пејзажот од градината на клиентот до градот. Измешани со малите шуми воведени помеѓу волумените и лебдејќи низ покривот, просториите за третман, нудат мирна, пријатна сцена прегрната со природата која ќе ја смири вознемиреноста кај малите пациенти“, велат за ArchDaily, проектантите од токиското архитектонското биро Takashige Yamashita Office.

13_resize

Покрај стоматолошката пракса, клиниката, исто така, обезбедува простор за фитнес-центар за киропрактика и програми за вежбање планирани заедно со медицински третмани, засновани на верувањето на клиентот во идејата „Оралното здравје доаѓа со целокупното физичко и ментално здравје“. Разновидноста на употребата на материјали на надворешенните и внатрешните ѕидови, и подот на секој волумен и промена на висината на подот, му даваат на просторот разигран дух во кој посетителите можат да уживаат.

16_resize

14_resize

Односот помеѓу кровот и секој волумен исто така варира – допирајќи се на работ, поместувајќи се, пресекувајќи се, продирајќи низ – сите овие елементи се собирани под рефлектирачкиот сребрен покрив.

17_resize

6_resize

Континуираниот кров кој ги покрива просториите и дворовите повремено е перфориран, овозможувајќи продирање на сончевата светлина до приземјето, доволно за одгледување на растенија.

18_resize

7_resize

Неговата преклопена форма, која наликува на двоводните кровови на соседните куќи, конструктивно овозможува самоносив систем со минимален број столбови. Кровот се протега и формира конзолна настрешница над влезниот плоштада и над предната градина отворена кон улицата. Опкружена со зеленило и дрвја, клиниката не само што создава релаксирачка атмосфера за младите пациенти, туку всушност нуди простор за нивно прифаќање и развој.

3_resize

4_resize

9_resize

19_resize

15_resize

Испрати коментар

Scroll To Top