Детската градинка „8 Март“ во населба Пржино стана енергетски ефикасна. Објектот има нова термоизолациона фасада, прозорци и врати со високи термоизолациони својства и нов котел за греење кој наместо нафта ќе користи биомаса. Енергетската реконструкција на оваа градинка е дел од проектот „ Енергетска ефикасност во општинските асоцијации“, финансирана од страна на германското друштво за интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС, преку регионален фонд за Југоисточна Европа.